Винарската визба „Тиквеш“ во вторникот соопшти дека започнува со продажба на вина во Велика Британија, кој важи за еден од најпрестижнити и најпребирливите пазари на светот. Првите пратки на вината од сортите Смедеревка - Ркацители и Вранец - Мерлот веќе се во продажба во познатите маркетите „Marks and Spencer“ и тоа во 156 продажни места на овој трговски синџир. Наш приоритет како водечка винарница во регионот е да обезбедиме пласман на нашите вина на најпрестижните пазари. На оваа цел сме посветени подолг период и сега кога можеме да зборуваме за конкретни резултати навистина сме горди бидејќи ова е доказ дека виното на „Тиквеш “ може да се избори на висококонкурентен пазар со својот квалитет и автентични карактеристики. За нас е ова почеток на една успешна приказна на британскиот пазар, велат од Тиквеш.
Винарската визба „Тиквеш“ во вторникот соопшти дека започнува со продажба на вина во Велика Британија, кој важи за еден од најпрестижнити и најпребирливите пазари на светот.
Првите пратки на вината од сортите Смедеревка - Ркацители и Вранец - Мерлот веќе се во продажба во познатите маркетите „Marks and Spencer“ и тоа во 156 продажни места на овој трговски синџир.
„Наш приоритет како водечка винарница во регионот е да обезбедиме пласман на нашите вина на најпрестижните пазари. На оваа цел сме посветени подолг период и сега кога можеме да зборуваме за конкретни резултати навистина сме горди бидејќи ова е доказ дека виното на „Тиквеш “ може да се избори на висококонкурентен пазар со својот квалитет и автентични карактеристики. За нас е ова почеток на една успешна приказна на британскиот пазар“, велат од Тиквеш
За пласманот на вината на „Тиквеш“ во познатиот трговски синџир „Marks and Spencer“ во Велика Британија, пишуваше и водечкиот британски весник „The Times“.
Во текстот под наслов „Alexander the grape invades M&S“ авторот на текстот правејќи асоцијација на Македонија, пишува за производствотo на вино во Македонија, потенцирајќи ја долгата традиција на вино производство уште од античко време.
ВВ „Тиквеш“ пласира повеќе од 60% од вкупното производство на вина на странските пазари. Освен на пазарите во регионот, вината на Тиквеш се продаваат и на американскиот и на пазарот во Европа. Во завршна фаза се и подготовките за пробив на пазарот во Кина.
Користењето на најдоброто светско знаење и искуство, софистицираната технологија, континуираните инвестиции и промоција, придонесоа за значително зголемување на извозот на вината на „Тиквеш“ на висококонкурентни пазари, каков што се пазарите во Велика Британија, САД и скандинавските земји. Само во текот на оваа година вината на „Тиквеш“ на престижни меѓународни натпревари освоија над 40 високи награди и признанија.
Како резултат на зголемениот извоз, ВВ „Тиквеш“ годинава откупи за 50% повеќе грозје во однос на лани, односно 25.000 килограми грозје.
Со капацитет од над 35 милиони литри за производство и складирање на вино, ВВ „Тиквеш“ е една од најголемите винарници во Југоисточна Европа. Просечното годишно производство изнесува околу 15 милиони литри.